Даут пашиниот амам е изграден во периодот од 1489 до 1497 година од страна на Даут паша, кој бил и везир на Румелија.
Монументалниот објектот има правоаголна форма со масивни ѕидовите со мали отвори, лачно и архитравно засводени полиња во кои се сместени прозорците и вратите. Покривот кој е зработен од оловни плочи се состои од 13 куполи со различна големина, од кои насјголемите две се на западната страна. Даут пашиниот амам има 15 простории осветлени со помош на ѕвездести отвори. Бидејќи претставувал двоен (чифте) амам, имал два засебни влеза, еден за мажи и еден за жени.
Амамот страдал во пожарот од 1689 година и во земјотресот од 1963 година. Својата првобитна функција ја одржувал се до 1916 година, а од 1946 година служи како галерија.
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Даут Пашин Амам

Category: Недвижно културно наследство
Културно наследство
Категории