Куќата на смејството Шкаперда, ул.„ Осма ударна бригада “ бр. 22
Семејната куќа на Михајло Шкаперда, е своевидно ремек-дело на архитектурата во Скопје. Изградена во 1932 година, оваа куќа била дом на семејството Шкаперда.
Куќата е градена во романско-бојарски стил со посебна карактеристична кула, според проект на романскиот архитектот Симота. Куќата и денес претставува посебно архитектонско обележје на градот.
Куќата има приземен кат и петособен стан над него, во кој живеело семејството Шкаперда, а во потпокривот имало неколку соби . Во зима куќата се затоплувала со сопствено парно, што било вистинска реткост за индивидуалните градби во тоа време. Два ѕида, каде што била вдлабнатината за клавирот, биле насликани од прочуениот македонски сликар Никола Мартиновски.
Во куќата се до периодот по завршување на војната 1945 година живеело семејството Шкаперда , кога истата била конфискувана од страна на државата.
Куќата Шкаперда оттогаш до денес менувала многу корисници . Едно време била куќа за репрезентација, кога во неа престојувале сите значајни гости на Скопје, меѓу кои и Јосип Броз Тито, потоа беше редакција на Млад борец, па седиште на Комисијата за културни врски со странство, а денес во оваа куќа е сместена Амбасадата на Италија.
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk

Category: Недвижно културно наследство
Културно наследство
Категории