Зграда на бул. „ Илинден“ бр. 53 – Детски културен центар – Карпош
Зградата е изградена во 1907 година како семејна куќа на семејството Драга. Објектот е со висина од С+П+1 и е изграден со масивен конструктивен систем, карактеристичен за периодот на градбата. На почетокот на приземјето на објектот биле сместени канцелариите на трговецот Драга, а на катот биле сместени просториите за домување. Во подрумот се наоѓал мал имам со женска и машка бања.
Во 1919 година објектот е национализиран од страна на кралството на СХС, а во 1920 година објектот ја добива кованата дворна ограда која и ден денес го оградува дворот и објектот.
Промената на намената од станбено-делобен објект во конзулат, па потоа во музеј кој се пренаменува во Пионерски дом Карпош се до денешниот Детски културен дом, укажува на хронологијата на опшествено политичките и социјални прилики во градот Скопје и Македонија.
Објектот се карактеризира како значајно културно наследство поради зачуваната автентичност, вклопеноста и интеракцијата на градбата со непосредната околина но и со урбаната матрица на Дебаар маало како нераскинлив дел на урбаниот разбој на Скопје. Со ревалоризацијата се овозможува зачувување на еден дел на меморијата на градот како нераскинлива алка од хроночошкиот и историски развој на Скопје, а особено по земјотресот во 1963 година со кој драстично е намален фондот на вакви видови на објекти.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа објекти на културата, науката и образованието, тип дом на културата(шифра 1.1.2.8.13).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk

Category: Недвижно културно наследство
Културно наследство
Категории