Зградатa е изградена во триесеттите години на ХХ век, како станбен објект, Објектот е со висина П+3+ПК, изграден е со масивен конструктивен систем, карактеристичен за периодот на градба и стилски е определен како електицизам. Преку овој објект може да се следи степенот на академизирање на архитектонскиот јазик до крајот на 30 тите години на 20 век во Скопје иако веќе во тој период има интенции за стремеж кон применување на принципите на модерната. Објектот е граден во академски стил со елементи на сеционистичка пластика.
Поради недоволно одржување но сепак доволно зачувана фасада и заради задржување на автентичноста на објектот во 2015 година се извршени конзерваторско-реставраторски интервенции на фасадите и кровот.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип куќа, станбена зграда (шифра 1.1.2.5.5).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Зграда на бул. „Илинден“ бр. 68

Category: Недвижно културно наследство
Културно наследство
Категории