Камениот мост на реката Вардар, кој преставува симбол на градот Скопје според историските извори е изграден во време на Мехмед II Освојувачот. Изграден е од фино обработени блокови од траветин поврзани со метални кламфи и зацврстени со олово. Масивната конструкција се потпира на 13 масивни столбови меѓусебно поврзани со полукружни лакови и 2 крајбрежни ѕида. Мостот е долг над 220 метри, а широк е 6 метри.
Мостот бил репариран во неколку наврати и тоа во 1579, 1817/18, 1897 (кога со изградбата на кејот на реката Вардар се три столбови на десната страна од реката), 1905 (кога е симната камената ограда, а е заменета со метална и се додадени пешачки стази) и неколку од 1992 година навака со што мостот го добива својот денешен изглед.
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Камен мост

Category: Недвижно културно наследство
Културно наследство
Категории