Зградата е изградена во триесеттите години на ХХ век, како станбен објект. Објектот е со висина ос П+1+ПК . Почитуваќи ги соседните фасадни фронтови како и стилските определби на периодот во кој е граден, објектот е извонреден примерок на академизмот во Скопје од овој период.
Архитектот кој ја обликувал фасадат ги почитувал основните академски правила за омекнување на строгоста на линиите со препознатливи декоративни елементи особено проследени со неизоставените пиластри во приземјето кои продолжуваат и на катот. Ритамот на прозорските отвори ја следи и функционалната организација на основата на катот, со што уште еднаш е потенциран строгиот академски стилски код.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип комбиниран објект со стопанско-станбена функција (шифра 1.1.2.5.13).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Зграда на бул.„Илинден“ бр. 63

Category: Недвижно културно наследство
Културно наследство
Категории