Зградата е изградена во почетокот на ХХ веккако станбен објект. Објектот е со висина од С+П+2 и е со масивен конструктивен систем. Стилски припаѓа на електицизмот со елементи на фолклоризам. Автор на проектот е инжинер Кирил Жерновски, а фасадата со подоцнежни интервенции ја обликувал архитект Јан Дубови. Овој објект е карактеристичен по примената на одредени архитектонски форми за оживување на фасадните платна, претходно затворени во неинвентивна геометриска третирана рамка која граничи со одредени методи и концепции на модерната архитектура. На фасадата се аплицирани елементи на македонската градителска традиција.Сутеренот и приземјето се пренаменети во деловни простории. Физички состојбата на објектот е добра и до сега не се вршени конзерваторско-реставраторски интервенции.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип комбиниран објект со стопанско-станбена функција (шифра 1.1.2.5.13).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Зграда на ул.„Наум Наумовски Борче“ бр. 82

Category: Недвижно културно наследство
Културно наследство
Категории