231 Front Street, Lahaina, HI 96761 info@givingpress.com 808.123.4567

За проектот

Промоција на недвижното архитектонско културно наследство на Општина Центар.

Културата е хетерогена свера што ја сочинуваат сите материјални и духовни вредности настанати како резултат на мисловниот процес и човековата интервенција во природата и интеракција во општеството која игра значајна улога во обликувањето на индивиуалните и колективните  идентитети, обезбедува чуство на припадност и им помага на луѓето да се поврзат со нивните корени, традиции и вредности.

Заштитата и негувањето на живата култура и културното наследство, како и на уметностите ни овозможуваат да ги разбереме истите како дел од свесната артикулација на колективната национална меморија.

Следствено, неопходно е постојано создавање но и заштита, негување и промоција  на постојното културно наследство.

Овие објекти се сведоци на еден историјат од развојот на Скопје , влијанието на културите, архитектонските и градителските стилови во Македонија и Скопје во различни периоди , како и социјалниот статус и економската состојба на дел од жителите на Скопје.

Со презентација и популаризација на недвижното културно наследство  на територија на Општина Центар  би се поттикнало  подигнувањето на свеста на граѓаните но и на надлежните институции  за неговото значење  и зголемено внимание кон соодветен третман и трајна заштита на културното наследство. Исто така  презентирањето на недвижното културно наследство би влијаело на зголемен интерес и развој на туризмот на територија на Општина Центар.

Во оваа прилика како дел од одржување на културните вредности  на  јавноста ќе се овозможи   запознавање со објектите на територија на  Општина Центар кои се заштитени и претставуваат недвижно културно наследство. Жителите на Центар, Скопје, но и пошироко ќе имаат можност да го запознаат недвижното архитектонско културно наследство преку фотографии, кратки описи и информации за објектите, за нивна локација, период на градба, стилот  на градење и други достапни податоци.