231 Front Street, Lahaina, HI 96761 info@givingpress.com 808.123.4567

Зграда на ул.„ Орце Николов“  бр. 88

Зградата е изградена во почетокот на ХХ век , поточно во 1935 година, а автор е Фердо Краус. Зградата е изградена како станбен објект и е со висина П+1+Пк. Објектот е изграден со масивен конструктивен систем , карактеристичен за периодот на градба.  Стилски зградата е определена како рана модерна со геометриски апликации. Објектот ја има габаритната чистота и волуменот на модерен кубус со плитки пиластри лои завршуваат со капители, слепи балустради на завршните венци, аплицирани на хоризонталните парапетни завршетоци на тесниот кров.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип куќа, станбена зграда (шифра 1.1.2.5.5).