231 Front Street, Lahaina, HI 96761 info@givingpress.com 808.123.4567

Зграда на ул. Мирослав Крлежа бр. 61 – Министерство за култура

Оваа зграда е објект со јавна намена, изграден во периодот помеѓу двете светски војни. Висината на објектот е П+3.  Изграден е со масивен конструктивен систем, карактеристичен за периодот на градба.   Стилски припаѓа на Раната модерна. Архитектурата е  дефинирана според принципите на градба за објекти од монументален карактер, бидеќи е проектирана со намена седиште на Воена команда. Објектот е аголен и е во низ. Генералниот габарит на објектот е решен прилично смирено и ослободено од детали, а особен акцент е даден на влезниот портал и влезната фасада. Останатите елементи се многу типични за репертоарот на објект со јавна намена.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа  објекти на управа , правосудство, администрација и финансии,  тип друг објект на управа, правосудство, администрација и финасии (шифра 1.1.2.1.19).