Црквата Св. Спас се наоѓа источно од тврдината Кале и е оградена со висока камена ограда. Таа е споменик на културата заштитен со закон. Се смета за најстара од сите цркви во Скопје.
Црквата датира од крајот на 17 и почетокот на 18 век во период кога Македонија била под османлиско ропство, кога не дозволувале светилиштата да доминираат во просторот, таа е длабоко вкопана во земја.Во неа се влегува низ неколку камени скали.
Црквата Св. Спас е позната по својот иконостас што бил изработен во длабока резба од 1819 до 1824 година, од резбарската група на Петре Филиповски – Гарката со неговиот брат Марко и Макарие Фрчковски од селото Галичник. Тој е долг 10 метри, а висок 6 метра. Преубавата длабока резба низ која се проткаени мотиви од Сатриот и Новиот завет, освен сцени од Светото писмо се забележуваат и разни геометриски орнаменти, фигури од растителниот и животинскиот свет.
Во дворот на црквата се наоѓа гробот на големиот македонски револуционер и национален херој Гоце Делчев. Посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје биле пренесени на 10 октомври 1946 година и на празникот 11 Октомври биле свечено положени во камениот ковчег.
Во конаците на црквата Св. Спас е сместен Музејот на Гоце Делчев, во кој се изложени парчиња на оружје и други експонати. Во црквата, која денес е Музеј, богослужба се врши само за нејзиниот патронен празник Спасовден.
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Црква Св. Спас

Category: Недвижно културно наследство
Културно наследство
Категории