231 Front Street, Lahaina, HI 96761 info@givingpress.com 808.123.4567

Црква Св. Димитрија – Скопје

Според значењето Црковниот комплекс се категоризира како значајно културно наследство.

Црковниот комплекс  Св. Димитрија  го сочинуваат неколку објекти: црквата Св. вмч. Димитрија, камбанаријата, крстилницата, трпезаријата и гробовите на првите двајца архиепископи на Македонската Православна Црква.

Самиот храм посветен на Св. Димитрија   бил изграден во 16 век, а сегашниот изглед на Црквата  датира од 1896 година  и е дело на градителот Даме (Дамјан) Андреев.

Иконостасот во црквата го изработил зографот Димитрија Андонов папрадишки.

Фреско-живописот е дело на двајца зографи, Димитрија Андонов Папрадишки  изведен во период од 1896 до 1942 година и фреско –живопис дело на зографот Крсте рафов Колоски изведен во периодот 1968-1973 година.

Меморијалната вредност на овојкомплекс е поврзана со гробните објекти каде се погребани првите двајца поглавари на МПЦ- Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј чиј гроб е во самата црква и вториот поглавар г.г.Ангелариј чиј гроб е во дворното место.

Црквата Св.Димитрија имаше статус и на соборен храм на Скопската православна епархија на МПЦ.

Според националната класификација на културното наследство – Црковниот комплекс  Св. Димитрија – Скопје припаѓа на видот споменична целина ,  група споменични целини со различна намена, подгрупа комплекси од религиозен карактер, тип други групи  градби што формираат комплекси од доминантен религиозен карактер  (шифра 1.2.2.2.3).