Објектот е наменет за чување на библиотечни добра и во него е депонирана литература со вкупен фонд од над 750 000 библиотечни единици.
Тој е пример на функционално решение на библиотечен простор во посебни кубуси, изведени од армирано-бетонски скелет и обликувани со тремови и чардаци. Се состои од По+П+1 и има корисна површина од 10 000 м 2, со депоа и конзерваторска лабораторија( подрум) оддели и читални(кат). Во 2009 година изграден е нов објект поврзан со постојниот кој се состои од По+П+2 и има корисна површина од околу 3000 м2, со депоа (подрум), хол и читални (приземје и катови).
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа објекти на културата, науката и образованието, тип библиотека (шифра 1.1.2.8.2).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
НУ Национална и Универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“- Скопје, бул. „ Гоце Делчев“ бр. 6
Објектот е наменет за чување на библиотечни добра и во него е депонирана литература со вкупен фонд од над 750 000 библиотечни единици.
Тој е пример на функционално решение на библиотечен простор во посебни кубуси, изведени од армирано-бетонски скелет и обликувани со тремови и чардаци. Се состои од По+П+1 и има корисна површина од 10 000 м 2, со депоа и конзерваторска лабораторија( подрум) оддели и читални(кат). Во 2009 година изграден е нов објект поврзан со постојниот кој се состои од По+П+2 и има корисна површина од околу 3000 м2, со депоа (подрум), хол и читални (приземје и катови).
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа објекти на културата, науката и образованието, тип библиотека (шифра 1.1.2.8.2).
Category: Недвижно културно наследство
Културно наследство
Категории