231 Front Street, Lahaina, HI 96761 info@givingpress.com 808.123.4567

Спомен куќа на Лазар Личеноски на ул. „Лазар Личеноски“ бр. 25

Спомен куќата на Лазар Личеноски  е изградена во периодот од 1961-1963 година од страна на познатиот македонски уметник Лазар Личеноскиа, по проект на  архитектот  Славко Брезовски. Објектот има подрум, приземје и кат.

Со одлука на владата на Република Македонија Спомен куќата е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење.

Спомен куќата заради својата  архитектонска, градежничка, историска, уметничка  и документарна вредност, својствата како автентичност, разновидност, зачуваност, културното и историското  и  уметничкото значење изразени преку нејзината градба, архитектонската концепција и функционалната просторна организација, стилските влијанија и декоративните елементи на фасадата како и зачуваната ликовна содржина во ентериерот е сведоштво за едно време кое е од поширок интерес за проучување на општествено економските и културно историските прилики во Скопје и Република Македонија.

Составен дел на Спомен куќата како заштитено добро се и Мозаиците на Лазар Личеноски, скулптура од Петар Хаџи Бошкв- две фигури и рељефи од непознати автори.

Сегашната состојба на објектот е во фаза на  формирање  музеј „Лазар Личеноски“, кој треба да функционира како депанданс или организациска единица на Националната галерија на Македонија.