231 Front Street, Lahaina, HI 96761 info@givingpress.com 808.123.4567

Куќа на ул. Македонија бр. 33 ( Ристиќева палата)

Куќата е лоцирана во строгиот  центар на Скопје ,  изградена е  во 1925 година, во сопственост на Владислав Ристиќ , а според проект на архитект Драгутин Маслиќ . Палатата е со три ката со по два стана на секој кат, мезанин и приземје со  дуќани. Организацијата на просторот на становите, дуќаните и обликувањето на фасадата  и другите елементи на куќата се израз на тенденциите во архитектурата  на  почетокот на 20  век во Европа и на Балканот. Лоцирана во централното градско подрачје оваа куќа претставува развоен елемент од урбанистичко-архитектонски стрктури на градот во неговата урбана генеза од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Куќата е ставена под заштита и својството на споменик на културата е утврдено со решение од 1985 година од заводот за заштита на споменици на културата на град Скопје.