231 Front Street, Lahaina, HI 96761 info@givingpress.com 808.123.4567

Зграда на ул. „ Наум Наумовски Борче“ бр. 88

Зградата е изградена во почртокот на ХХ век како станбен објект и е типичен пример на градска станбена зграда обликувана во стил на академски еклектицизам. Организацијата на балконското јадро е поставена на најдобро оснчените страни нa ОБЈЕКТОТ СО ШТО БИЛЕ ФОРМИРАНИ И УЛИЧНИТЕ ФАСАДИ. Објектот е разигран со одбирање на разновидни типови на кровни завршетоци кои варираат од двоводни кровови преку четвороводни до поединечни кули. Вообичаените детали вградени на фасадите од академскиот стил се и овде застапени- балустради на балконските парапети што продолжуваат во слободностоечки столбови со стичизирани коринтски капители кои го формираат балконското јадро.

Објектот е со виссина С+П+1+Пк и има висок степен на зачуваност и автентичност.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип куќа, станбена зграда (шифра 1.1.2.5.5).

Зграда на ул.„Наум Наумовски Борче“ бр. 82

Зградата е изградена во почетокот на ХХ веккако станбен објект. Објектот е со висина од С+П+2 и е со масивен конструктивен систем. Стилски припаѓа на електицизмот со елементи на фолклоризам. Автор на проектот е инжинер Кирил Жерновски, а фасадата со подоцнежни интервенции ја обликувал архитект Јан Дубови. Овој објект е карактеристичен по примената на одредени архитектонски форми за оживување на фасадните платна, претходно затворени во неинвентивна геометриска третирана рамка која граничи со одредени методи и концепции на модерната архитектура. На  фасадата се аплицирани елементи на македонската градителска традиција.Сутеренот и приземјето се пренаменети во деловни простории. Физички состојбата на објектот е добра и до сега не се вршени  конзерваторско-реставраторски интервенции.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип комбиниран објект со стопанско-станбена функција (шифра 1.1.2.5.13).

Зграда на ул.„ Ленинова“  бр. 17

Зградата е изградена во ХХ век поточно во 1939 година, стилски припаѓа на раната модерна архитектура. Објектот е изграден како станбен објект за домување. И е со висина П+2+Пк. Проектантот  архитект Ѓорѓе Ристиќ проектирал функционално решение на основите со современ концепт за домување, додека во ликовниот концепт на деталите на фасадата и на целокупниот кубус на објектот презентира врвни познавања за креирање на геометриска скулптурална форма.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип куќа, станбена зграда (шифра 1.1.2.5.5).

„Зградата на Кубеш“  на ул. Коле Неделковски бр. 16

Зградата на Кубеш е станбен објект за колективно домување, изградена е во 1952 година. Автор на чешкиот архитект Лудјек Кубеш. Висината на објектот е П+3, изграден е со масивен конструктивен систем, карактеристичен за периодот на градба. Габаритот на објектот е моделиран скулптурално, озновата е осмислена функционално, естетските карактеристики се со современ ликовен израз, а урбано е артикулиран како аголен објект.Стилски припаѓа на Модерната со нагласен експресионизам.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип куќа, станбена зграда (шифра 1.1.2.5.5).

Зграда на бул.„Илинден“ бр. 80

Зградата е изградена во почетокот на ХХ век односно во 1927 година, како станбен објект, стилски определена како еклектицизам и е едно од најраните проектантски остварувања на реномираниот архитект Иван Артемушкин. Објектот е со висина С+П+2+Пк, изграден е со масивен конструктивен систем, карактеристичен за периодот на градба.

Објектот е волуменски конципиран како аголен објект кој ги почитува спецификите на локацијата со асиметрично решение на фасадите.

Во 2015 година се извршени конзерваторско-реставраторски интервенции на фасадите и кровот.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип комбиниран објект со стопанско-станбена функција (шифра 1.1.2.5.13).

Зграда на бул.„Илинден“ бр.41

Објектот датира од периодот помеѓу двете  светски војни, со висина П+1+ПК,   стилски определен како рана модерна ос елемнети на традиционализам и скромна вегетабилна орнаментика. Објектот е изграден со масивен конструктивен систем, карактеристичен за периодот на градба.

Со пренамена на функцијата на приземјето од станбен во деловен простор и со отворање на излози направени се промени на фасадата, со што делумно е нарушена автентичноста на објектот.  Поради лошата состојба на кровнатра конструкција и поткровјето  во 2014 година извршени се конзерватоеско- реставраторски работи на кровот и фасадатана уличниот фронт.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип комбиниран објект со стопанско-станбена функција (шифра 1.1.2.5.13).

Зграда на бул.„Илинден“ бр. 63

Зградата е изградена во триесеттите години на ХХ век, како станбен објект. Објектот е со висина ос П+1+ПК . Почитуваќи ги соседните фасадни фронтови како и  стилските определби на периодот во кој е граден, објектот е извонреден примерок на академизмот во Скопје од овој период.

Архитектот кој ја обликувал фасадат ги почитувал основните академски правила за омекнување на строгоста на линиите со препознатливи декоративни елементи особено проследени со неизоставените пиластри во приземјето кои продолжуваат и на катот. Ритамот на прозорските отвори ја следи и функционалната организација на основата на катот, со што уште еднаш е потенциран строгиот академски стилски код.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип комбиниран објект со стопанско-станбена функција (шифра 1.1.2.5.13).

Зграда на бул. „Илинден“ бр. 68

Зградатa  е изградена во триесеттите години на ХХ век, како станбен објект, Објектот е со висина П+3+ПК, изграден е со масивен конструктивен систем, карактеристичен за периодот на градба и стилски е определен како електицизам. Преку овој објект може да се следи степенот на академизирање на архитектонскиот јазик до крајот на 30 тите години на 20 век во Скопје иако веќе во тој период има интенции за стремеж кон применување на принципите на модерната. Објектот е граден во академски стил со елементи  на сеционистичка пластика.

Поради недоволно одржување но сепак доволно зачувана фасада и заради задржување на автентичноста на објектот  во 2015 година се извршени конзерваторско-реставраторски интервенции на фасадите и кровот.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип куќа, станбена зграда (шифра 1.1.2.5.5).

Зграда на бул. „ Илинден“ бр. 53 – Детски културен центар – Карпош

Зградата е изградена во 1907 година како семејна куќа на семејството Драга. Објектот е со висина од С+П+1 и е изграден со масивен конструктивен систем, карактеристичен за периодот на градбата. На почетокот на приземјето на објектот биле сместени канцелариите на трговецот Драга, а на катот биле сместени просториите за домување. Во подрумот се наоѓал мал имам со женска и машка бања.

Во 1919 година објектот е национализиран од страна на кралството на СХС, а во 1920 година објектот ја добива кованата дворна ограда која и ден денес  го оградува  дворот и објектот.

Промената на намената од станбено-делобен објект во конзулат, па потоа во музеј кој се пренаменува во Пионерски дом Карпош се до денешниот Детски културен дом, укажува на хронологијата на опшествено политичките и социјални прилики  во градот Скопје и Македонија.

Објектот се карактеризира како значајно културно наследство поради зачуваната автентичност, вклопеноста и интеракцијата на градбата со непосредната околина но и со урбаната матрица на Дебаар маало како нераскинлив дел на урбаниот разбој на Скопје. Со ревалоризацијата се овозможува зачувување на еден дел на меморијата на градот како нераскинлива алка од хроночошкиот и историски развој на Скопје, а особено по земјотресот во 1963 година со кој драстично е намален фондот на вакви видови на објекти.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа објекти на културата, науката и образованието, тип дом на културата(шифра 1.1.2.8.13).