Зграддата на Ташловиќ датира од периодот помеѓу двете светски војни или од 1940 година, а автори на овој објект се Глигорие Ташковиќ и Александар Симиќ. Стилски објектот е определен како градба со модерна архитектура со елементи на експесионизам. Почитувани се сите елементи на проектирање на ваков вид објект со доследно држење до постулатите на модерната архитектура. Архитектонскиот израз е решен со пресек на два едноставни кубуси и се прокламира кубистички линеарен приод на декорирање на фасадата. Сите елементи ( хоризонтални акценти на фасадата преку издолжените балкони со закривени испусти, подигнатиот рамен кров на столбови, ентериерните решенија на влезната партијаи скалишниот простор) се вешто вклопени со што е креиран едноставен, модерен, интегрален волумен со високи естетски и функционални критериуми.
Објектот е во добра фисзичка состојба . Направени се одредени интервенции со цел оддржување и подобрување на стандардот на живеење на корисниците. Овие промени делумно ја нарушиле автентичноста на споменикот.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип куќа, станбена зграда (шифра 1.1.2.5.5).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Куќа на ул. Македонија бр. 33 ( Ристиќева палата)
Куќата е лоцирана во строгиот центар на Скопје , изградена е во 1925 година, во сопственост на Владислав Ристиќ , а според проект на архитект Драгутин Маслиќ . Палатата е со три ката со по два стана на секој кат, мезанин и приземје со дуќани. Организацијата на просторот на становите, дуќаните и обликувањето на фасадата и другите елементи на куќата се израз на тенденциите во архитектурата на почетокот на 20 век во Европа и на Балканот. Лоцирана во централното градско подрачје оваа куќа претставува развоен елемент од урбанистичко-архитектонски стрктури на градот во неговата урбана генеза од крајот на 19 и почетокот на 20 век.
Куќата е ставена под заштита и својството на споменик на културата е утврдено со решение од 1985 година од заводот за заштита на споменици на културата на град Скопје.
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Зграда на ул.„ Орце Николов“ бр. 115
Зградата е изградена во 1936 година и нејзин автор е Јан Дубови кој создава архитектура со рационални концепции и со кубистички облици. Објектот е изграден со масивен конструктивен систем со висина од С+П+1 како самостоен објект. Стилски припаѓа на модерна архитектура со елементи на кубизам. Има богата содржина и обликување како продуховен состав од кубистички елементиНеговата спесифичност се состои во аголното заиблување према соседен објект, кое најчесто е карактеристично за објекти поставени на агол кои вообичаено формирале плоштатки.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип куќа, станбена зграда (шифра 1.1.2.5.5).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Зграда на ул.„ Орце Николов“ бр. 109
Зградата е изградена во почетокот на ХХ век во перидот помеѓу двете светски војни како станбен објект. Објектот е со висина од П+1+Пк на агол на линија на ѕличен фронт. Стилски припаѓа на еклектицизмот со елементи на српски византиски стил. Фасадите се репрезентативни, архитектонски збогатени со изобилство отвори, истурени балкони со украсни огради, пиластри, декоративна пластика и карактеристична кровна линија, која завршува со правоаголен тампон со што во поткровјето е продолжено нагласувањет на вертикалата на влезната партија , отпочнато на првиот кат со пиластри во цела катна висина.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип комбиниран објект со стопанско-станбена функција (шифра 1.1.2.5.13).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Зграда на ул.„ Орце Николов“ бр. 108
Зградата е станбен објект за колективно домувањеизградена е во период помеѓу двете светски војни. Стилски припаѓа на Раната модерна со елементи на експресионизам со несомнени архитектонски вредности. Градбата р конципирана како аголен објект со еднакво значење на двете улични фасади, доведени до степен да визуелно изгледаат како една развлечена целина. Креирана е композиција со примена на основните принципи на игра со темно светли полиња, при што не се користени никакви декоративни елементи за да се добие разиграност на фасдното платно.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип куќа, станбена зграда (шифра 1.1.2.5.5).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Зграда на ул.„ Орце Николов“ бр. 88
Зградата е изградена во почетокот на ХХ век , поточно во 1935 година, а автор е Фердо Краус. Зградата е изградена како станбен објект и е со висина П+1+Пк. Објектот е изграден со масивен конструктивен систем , карактеристичен за периодот на градба. Стилски зградата е определена како рана модерна со геометриски апликации. Објектот ја има габаритната чистота и волуменот на модерен кубус со плитки пиластри лои завршуваат со капители, слепи балустради на завршните венци, аплицирани на хоризонталните парапетни завршетоци на тесниот кров.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип куќа, станбена зграда (шифра 1.1.2.5.5).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Зграда на ул.„ Орце Николов“ бр. 83
Зградата е изградена во почетокот на ХХ век во периодот помеѓу двете светски војни како станбен објект. Објектот е со висина П+2/П+3. Изграден е на агол на две улици при што е применет еднаков третман на двете улични фасади. Ги носи белезите на актуелните архитектонски тенденции на своето време во раномодерен стил. Кај овој објект естетското обликување на фасадното платно е направено со ефект на светло темни колористички полиња кои го следат веќе поставениот основен модул, кој пак е потенциран и со поставување на плитко врежан квадратен растер во улога на дискретна плитка декорација.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип комбиниран објект со стопанско-станбена функција (шифра 1.1.2.5.13).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Зграда на ул. „ Кукушка “ бр. 17
Зградата е изградена во 1927 година како станбен објект за колективно домување , објектот е со висина С+1+Пк со масивен конструктивен систем. Стилски припаѓа на раната модерна архитектура со елементи на сецесија. Објектот има необичен архитектонскиконцепт, чисти линии на основниот кубус, со сецесиски детали кои ја омекнуваат острата кубична концепција на базичен волумен. Делува раскошно со само две декоративни алатки на фасадите – флорален плиток штукатурен орнамент и колористички подвлечени хоризонтални појаси меѓу катовите.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип куќа, станбена зграда (шифра 1.1.2.5.5).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Зграда на ул. Мирослав Крлежа бр. 61 – Министерство за култура
Оваа зграда е објект со јавна намена, изграден во периодот помеѓу двете светски војни. Висината на објектот е П+3. Изграден е со масивен конструктивен систем, карактеристичен за периодот на градба. Стилски припаѓа на Раната модерна. Архитектурата е дефинирана според принципите на градба за објекти од монументален карактер, бидеќи е проектирана со намена седиште на Воена команда. Објектот е аголен и е во низ. Генералниот габарит на објектот е решен прилично смирено и ослободено од детали, а особен акцент е даден на влезниот портал и влезната фасада. Останатите елементи се многу типични за репертоарот на објект со јавна намена.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа објекти на управа , правосудство, администрација и финансии, тип друг објект на управа, правосудство, администрација и финасии (шифра 1.1.2.1.19).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Зграда на ул. „Раде Кончар “ бр. 4
Зградата е изградена во почетокот на ХХ век како станбен објект. Висината на објектот е С+П+1+Пк и е изграден со масивен конструктивен систем. Стилски припаѓа на еклектицизмот со елементи на српски и византиски стил. Еклектичката постапка на слободен избор на стилски формиусловила да се појави специфична структура, со подеднакво учество на академската концепција на расчленување на основните фасадни волумени, максимално прилагодени кон условите на локацијата.
Состојбата на објектот е лоша поради нередовно оддржување. Направени се интервенции во ентериерот при пренамена на сутеренот и дел од приземјето од станбен во деловен простор.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип комбиниран објект со стопанско-станбена функција (шифра 1.1.2.5.13).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Зграда на „Ташковиќ “ на ул. „Орце Николов“ бр. 90
Зграддата на Ташловиќ датира од периодот помеѓу двете светски војни или од 1940 година, а автори на овој објект се Глигорие Ташковиќ и Александар Симиќ. Стилски објектот е определен како градба со модерна архитектура со елементи на експесионизам. Почитувани се сите елементи на проектирање на ваков вид објект со доследно држење до постулатите на модерната архитектура. Архитектонскиот израз е решен со пресек на два едноставни кубуси и се прокламира кубистички линеарен приод на декорирање на фасадата. Сите елементи ( хоризонтални акценти на фасадата преку издолжените балкони со закривени испусти, подигнатиот рамен кров на столбови, ентериерните решенија на влезната партијаи скалишниот простор) се вешто вклопени со што е креиран едноставен, модерен, интегрален волумен со високи естетски и функционални критериуми.
Објектот е во добра фисзичка состојба . Направени се одредени интервенции со цел оддржување и подобрување на стандардот на живеење на корисниците. Овие промени делумно ја нарушиле автентичноста на споменикот.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа станбени објекти , тип куќа, станбена зграда (шифра 1.1.2.5.5).
Културно наследство
Категории