231 Front Street, Lahaina, HI 96761 info@givingpress.com 808.123.4567

НУ Музеј на современа уметност – Скопје ул. „Самоилова“ бр. 17

Музејот за  современа уметност Скопјее симбол на солидарноста, која како трајна вредност останува врежана во колективната меморија на македонската јавност.

Основан е во 1964 година како резултат на бројни донации на уметнички дела од 65 земји во светот, мисијата на Музејот  е да ја одржува меморијата и традицијата на солидарноста и да продолжи да колекционира, чува, заштитува, проучува и вреднува значајни уметнички дела и со нивно изложување на судот на јавноста да ја развива свеста на вредностите на современата уметност.

Се состои од три поврзани објекти По+ П и По+П+1 . Објектот располага со простор за постојана поставка, сали за повремени изложби, сала за предавања, библиотека, конзерваторски лабаратории , депоа работни и помошни простории. Објектот е наменет за  чување на дела од уметноста и содржи две збирки: Меѓународна збирка на уметнички дела околу 3500 уметнички дела и збирка на уметнички дела од современа македонска ликовна уметностоколу 2000 уметнички дела.

Објектот е изграден според проект донација на Влада на Република Полска .

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа   објекти на културата, науката и образованието, , тип  музеј  (шифра 1.1.2.8.5).

НУ Нацуонален музеј на македонска борба за државност и самостoјност

Оваа Национална Установа прогласена за недвижно културно наследство се состои од два објекти.

Објектот 1 е седиште на установата , се наоѓа на ул. „11 Март“ бр 1 , се состои од По+П+2 е наменет за чување музејски фонд  во кој преку различни музејски форми и содржини е прикажан дел од историјата на македонскиот народ.

Музејот е изграден од 2008 до 2011 година според проект на архитект Зоран Јордановски, а официјално е отворен на 8 ми септември 2011 година, по повод 20 години од прогласување на независноста на Република Македонија.

Сместен е  во 6435 м2 површина , а музејските изложбени простории  опфаќаат 2500 м2. Во музејските поставки претставени се настани и личности од раниот период на ајдутството од втората половина на 17 век па сите настани и личности до завршување на НОБ и жртвите на посткомунистичкиот период.

Објект 2 ( Порта Македонија)  се наоѓа на ул. „11 Октомври“ бр.4а , има форма на триумфален лак (порта ) со еден засводен отвор во средината, со висина По+П+7. Во фасадата на објектот вградени се рељефи изведени од бел мермер, со претстави на симболот на вечноста, историјата и културата на Македонија.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа   објекти на културата, науката и образованието, тип  музеј  (шифра 1.1.2.8.5).

ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, ул. Григор Прличев бр. 5

Објектот е изграден во 1968 година се состои од По+П+3 има корисна површина од 2500 м2. Во објектот се наоѓаат библиотека и спомен соба на Крсте Мисирков , читална, амфитеатар и работни простории на Институтот.

Објектот е сопственост на република Македонија , а корисник е ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.  Во намената на објектот и дејноста на установата се чува и архивски материјали: картотека на народна проза, картотека на  народна поезија, картотека на презимињата, картотека на црковно-словенскиот јазик од македонска редакција, картотека на прекарите, картотека на глаголите во македонскиот јазик, картотека на топонимите на Република Македонија, картотека на дијалектите во Република Македонија. Исто така оваа институција се грижи за заштита и чување на духовни добра и разни говори и дијалекти  од сите краеви и говори на македонскиот народ.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа   објекти на културата, науката и образованието, , тип  институт  (шифра 1.1.2.8.16).

Градска Библиоптека „Браќа Миладиновци“ – Скопје , ул. „Партизански одреди“ бр.22

Објектот е изграден во 1973 година, наменски проектиран  за чување библиотечни добра и  е еден од најфункционалните библиотечни  простори во Македонија. Се состои од По+П+2, со депоа и книговезница, хол за промоции и изложби и повеќе современо опремени читални.  

Во Библиотеката се депонирани  повеќе од 60 000 разновидни библиотечни единици, исто така  библиотечниот фонд  соцржи и збирка на старопечатени книги на македонски јазик од 1948 година, збирка на старопечатени книги на латиница од 16-19 век-380 наслови, збирка на старопечатени книги на кирилица- 184 наслови , збирка на старопечатени книги на арапски и турски јазик -77 наслови,  како  и збирка на уметнички слики од македонската современа ликовна уметност.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа   објекти на културата, науката и образованието, , тип  библиотека  (шифра 1.1.2.8.2).

НУ Филмски центар „ Вардар Филм “ – Скопје,ул. „8-ми март“ бр. 4

Објектот е изграден во 1974 година и се состои од Су+П+1 и во него се сместени: технолошки одделенија ( сали за постпродукција на филмови-тонска обработка, синхронизација и монтажа на слика и звук) изведени според највисоки светски стандарди; работни простории; простории за чување на филмски материјал и филмска документација во кои се сместени околу 50 долгометражни филмови и околу 800 краткометражни, документарни, анимирании друг бид филмови.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа  објекти на културата, науката и образованието, тип други објекти на културата образованието и науката  (шифра 1.1.2.8.20).

Куќата на смејството Шкаперда,  ул.„ Осма ударна бригада “ бр. 22

Семејната куќа на Михајло Шкаперда, е своевидно ремек-дело на архитектурата во Скопје. Изградена во 1932 година, оваа куќа била дом на семејството Шкаперда.

Куќата е градена во романско-бојарски стил со посебна карактеристична кула,  според проект на романскиот архитектот Симота.  Куќата и денес претставува посебно архитектонско обележје на градот.

Куќата има приземен кат и петособен стан над него, во кој живеело семејството Шкаперда, а во потпокривот имало неколку соби . Во зима куќата се затоплувала со сопствено парно, што било вистинска реткост за индивидуалните градби во тоа време. Два ѕида, каде што била вдлабнатината за клавирот, биле насликани од прочуениот македонски сликар Никола Мартиновски.

Во куќата се до периодот по завршување на  војната 1945 година живеело семејството Шкаперда , кога истата била конфискувана од страна на државата.

Куќата Шкаперда оттогаш до денес менувала многу корисници . Едно време била куќа за репрезентација, кога во неа престојувале сите значајни гости на Скопје, меѓу кои и Јосип Броз Тито, потоа беше редакција на Млад борец, па седиште на Комисијата за културни врски со странство, а денес во оваа куќа е сместена  Амбасадата на Италија.

Црква Св. Спас

Црквата Св. Спас се наоѓа источно од тврдината Кале и е оградена со висока камена ограда. Таа е споменик на културата заштитен со закон. Се смета за најстара од сите цркви во Скопје.

Црквата  датира од крајот на 17 и почетокот на 18 век  во период кога Македонија била под османлиско ропство, кога  не  дозволувале светилиштата да доминираат во просторот, таа е длабоко вкопана во земја.Во неа се влегува низ неколку камени скали.

Црквата Св. Спас е позната по својот иконостас што бил изработен во длабока резба од 1819 до 1824 година, од резбарската група на Петре Филиповски – Гарката со неговиот брат Марко и Макарие Фрчковски од селото Галичник. Тој е долг 10 метри, а висок 6 метра. Преубавата длабока резба низ која се проткаени мотиви од Сатриот и Новиот завет, освен сцени од Светото писмо се забележуваат и разни геометриски орнаменти, фигури од растителниот и животинскиот свет.

Во дворот на црквата  се наоѓа гробот на големиот македонски револуционер и национален херој Гоце Делчев. Посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје биле пренесени на 10 октомври 1946 година и на празникот 11 Октомври биле свечено положени во камениот ковчег.

Во конаците на црквата Св. Спас е сместен Музејот на Гоце Делчев, во кој се изложени парчиња на оружје и други експонати. Во црквата, која денес е Музеј, богослужба се врши само за нејзиниот патронен празник Спасовден.

Црква Св. Димитрија – Скопје

Според значењето Црковниот комплекс се категоризира како значајно културно наследство.

Црковниот комплекс  Св. Димитрија  го сочинуваат неколку објекти: црквата Св. вмч. Димитрија, камбанаријата, крстилницата, трпезаријата и гробовите на првите двајца архиепископи на Македонската Православна Црква.

Самиот храм посветен на Св. Димитрија   бил изграден во 16 век, а сегашниот изглед на Црквата  датира од 1896 година  и е дело на градителот Даме (Дамјан) Андреев.

Иконостасот во црквата го изработил зографот Димитрија Андонов папрадишки.

Фреско-живописот е дело на двајца зографи, Димитрија Андонов Папрадишки  изведен во период од 1896 до 1942 година и фреско –живопис дело на зографот Крсте рафов Колоски изведен во периодот 1968-1973 година.

Меморијалната вредност на овојкомплекс е поврзана со гробните објекти каде се погребани првите двајца поглавари на МПЦ- Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј чиј гроб е во самата црква и вториот поглавар г.г.Ангелариј чиј гроб е во дворното место.

Црквата Св.Димитрија имаше статус и на соборен храм на Скопската православна епархија на МПЦ.

Според националната класификација на културното наследство – Црковниот комплекс  Св. Димитрија – Скопје припаѓа на видот споменична целина ,  група споменични целини со различна намена, подгрупа комплекси од религиозен карактер, тип други групи  градби што формираат комплекси од доминантен религиозен карактер  (шифра 1.2.2.2.3).

НУ Национална и Универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“- Скопје, бул. „ Гоце Делчев“ бр. 6

Објектот е наменет за чување на библиотечни добра и во него е депонирана литература со вкупен фонд од над 750 000 библиотечни единици.

Тој е пример на функционално решение на библиотечен простор во посебни кубуси, изведени од армирано-бетонски скелет и обликувани со тремови и чардаци. Се состои од По+П+1 и има корисна површина од 10 000 м 2, со депоа и конзерваторска лабораторија( подрум) оддели и читални(кат). Во 2009 година изграден е нов објект поврзан со постојниот кој се состои од По+П+2 и има корисна површина од околу  3000 м2, со депоа (подрум),  хол и читални (приземје  и  катови).

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа   објекти на културата, науката и образованието, тип  библиотека  (шифра 1.1.2.8.2).

Спомен куќа на Лазар Личеноски на ул. „Лазар Личеноски“ бр. 25

Спомен куќата на Лазар Личеноски  е изградена во периодот од 1961-1963 година од страна на познатиот македонски уметник Лазар Личеноскиа, по проект на  архитектот  Славко Брезовски. Објектот има подрум, приземје и кат.

Со одлука на владата на Република Македонија Спомен куќата е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење.

Спомен куќата заради својата  архитектонска, градежничка, историска, уметничка  и документарна вредност, својствата како автентичност, разновидност, зачуваност, културното и историското  и  уметничкото значење изразени преку нејзината градба, архитектонската концепција и функционалната просторна организација, стилските влијанија и декоративните елементи на фасадата како и зачуваната ликовна содржина во ентериерот е сведоштво за едно време кое е од поширок интерес за проучување на општествено економските и културно историските прилики во Скопје и Република Македонија.

Составен дел на Спомен куќата како заштитено добро се и Мозаиците на Лазар Личеноски, скулптура од Петар Хаџи Бошкв- две фигури и рељефи од непознати автори.

Сегашната состојба на објектот е во фаза на  формирање  музеј „Лазар Личеноски“, кој треба да функционира како депанданс или организациска единица на Националната галерија на Македонија.