Објектот е изграден во 1968 година се состои од По+П+3 има корисна површина од 2500 м2. Во објектот се наоѓаат библиотека и спомен соба на Крсте Мисирков , читална, амфитеатар и работни простории на Институтот.
Објектот е сопственост на република Македонија , а корисник е ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во намената на објектот и дејноста на установата се чува и архивски материјали: картотека на народна проза, картотека на народна поезија, картотека на презимињата, картотека на црковно-словенскиот јазик од македонска редакција, картотека на прекарите, картотека на глаголите во македонскиот јазик, картотека на топонимите на Република Македонија, картотека на дијалектите во Република Македонија. Исто така оваа институција се грижи за заштита и чување на духовни добра и разни говори и дијалекти од сите краеви и говори на македонскиот народ.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа објекти на културата, науката и образованието, , тип институт (шифра 1.1.2.8.16).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, ул. Григор Прличев бр. 5
Објектот е изграден во 1968 година се состои од По+П+3 има корисна површина од 2500 м2. Во објектот се наоѓаат библиотека и спомен соба на Крсте Мисирков , читална, амфитеатар и работни простории на Институтот.
Објектот е сопственост на република Македонија , а корисник е ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во намената на објектот и дејноста на установата се чува и архивски материјали: картотека на народна проза, картотека на народна поезија, картотека на презимињата, картотека на црковно-словенскиот јазик од македонска редакција, картотека на прекарите, картотека на глаголите во македонскиот јазик, картотека на топонимите на Република Македонија, картотека на дијалектите во Република Македонија. Исто така оваа институција се грижи за заштита и чување на духовни добра и разни говори и дијалекти од сите краеви и говори на македонскиот народ.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа објекти на културата, науката и образованието, , тип институт (шифра 1.1.2.8.16).
Category: Недвижно културно наследство
Културно наследство
Категории