Според значењето Црковниот комплекс се категоризира како значајно културно наследство.
Црковниот комплекс Св. Димитрија го сочинуваат неколку објекти: црквата Св. вмч. Димитрија, камбанаријата, крстилницата, трпезаријата и гробовите на првите двајца архиепископи на Македонската Православна Црква.
Самиот храм посветен на Св. Димитрија бил изграден во 16 век, а сегашниот изглед на Црквата датира од 1896 година и е дело на градителот Даме (Дамјан) Андреев.
Иконостасот во црквата го изработил зографот Димитрија Андонов папрадишки.
Фреско-живописот е дело на двајца зографи, Димитрија Андонов Папрадишки изведен во период од 1896 до 1942 година и фреско –живопис дело на зографот Крсте рафов Колоски изведен во периодот 1968-1973 година.
Меморијалната вредност на овојкомплекс е поврзана со гробните објекти каде се погребани првите двајца поглавари на МПЦ- Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј чиј гроб е во самата црква и вториот поглавар г.г.Ангелариј чиј гроб е во дворното место.
Црквата Св.Димитрија имаше статус и на соборен храм на Скопската православна епархија на МПЦ.
Според националната класификација на културното наследство – Црковниот комплекс Св. Димитрија – Скопје припаѓа на видот споменична целина , група споменични целини со различна намена, подгрупа комплекси од религиозен карактер, тип други групи градби што формираат комплекси од доминантен религиозен карактер (шифра 1.2.2.2.3).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk
Црква Св. Димитрија – Скопје

Category: Недвижно културно наследство
Културно наследство
Категории