Спомен куќа на Мајка Тереза- Скопје ул.„ Македонија“ бр. 9
Објектот е изграден во 2008 година и наменет е за чување на музејски фонд од предмети поврзани со животот и делото на Мајка Тереза, авторизирани документи и дипломи, фотографии, филмови од домашна и странска продукција, книги, резби во дрво , мебел од староградска соба.
Објектот е подигнат на местото каде до 1963 година се наоѓала катедралата Пресвето срце Исусово во која била крстена Гонџа Бојаџиу во 1910 година.
Проектант на Спомен куќата на Мајка Тереза е Вангел Божиновски , а градбата претставува мултифункционален простор составен од три дела. Подрумот на објектот е наменет за мултимедијален простор, приземјето за музејска продавница, катот за постојана поставка и работни простории, а во поткровјето се наоѓаат Меморијалната капела посветена на Блажената мајка Тереза. На фасадата се претставени орнаменти на гулаби како симболна светиот дух според христијанската симболика и риби кои претставувале раносхристијански знак за младиот бог. Во објектот е вграден витраж со претстава на Мајка Тереза.
Објектот се состои од По+П+1+Пк , во објектот е вграден витраж со претстава на Мајка Тереза.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа објекти на културата, науката и образованието, , тип музеј (шифра 1.1.2.8.5).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk

Category: Недвижно културно наследство
Културно наследство
Категории