Спомен куќа на Лазар Личеноски на ул. „Лазар Личеноски“ бр. 25
Спомен куќата на Лазар Личеноски е изградена во периодот од 1961-1963 година од страна на познатиот македонски уметник Лазар Личеноскиа, по проект на архитектот Славко Брезовски. Објектот има подрум, приземје и кат.
Со одлука на владата на Република Македонија Спомен куќата е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење.
Спомен куќата заради својата архитектонска, градежничка, историска, уметничка и документарна вредност, својствата како автентичност, разновидност, зачуваност, културното и историското и уметничкото значење изразени преку нејзината градба, архитектонската концепција и функционалната просторна организација, стилските влијанија и декоративните елементи на фасадата како и зачуваната ликовна содржина во ентериерот е сведоштво за едно време кое е од поширок интерес за проучување на општествено економските и културно историските прилики во Скопје и Република Македонија.
Составен дел на Спомен куќата како заштитено добро се и Мозаиците на Лазар Личеноски, скулптура од Петар Хаџи Бошкв- две фигури и рељефи од непознати автори.
Сегашната состојба на објектот е во фаза на формирање музеј „Лазар Личеноски“, кој треба да функционира како депанданс или организациска единица на Националната галерија на Македонија.
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk

Category: Недвижно културно наследство
Културно наследство
Категории