НУ Нацуонален музеј на македонска борба за државност и самостoјност
Оваа Национална Установа прогласена за недвижно културно наследство се состои од два објекти.
Објектот 1 е седиште на установата , се наоѓа на ул. „11 Март“ бр 1 , се состои од По+П+2 е наменет за чување музејски фонд во кој преку различни музејски форми и содржини е прикажан дел од историјата на македонскиот народ.
Музејот е изграден од 2008 до 2011 година според проект на архитект Зоран Јордановски, а официјално е отворен на 8 ми септември 2011 година, по повод 20 години од прогласување на независноста на Република Македонија.
Сместен е во 6435 м2 површина , а музејските изложбени простории опфаќаат 2500 м2. Во музејските поставки претставени се настани и личности од раниот период на ајдутството од втората половина на 17 век па сите настани и личности до завршување на НОБ и жртвите на посткомунистичкиот период.
Објект 2 ( Порта Македонија) се наоѓа на ул. „11 Октомври“ бр.4а , има форма на триумфален лак (порта ) со еден засводен отвор во средината, со висина По+П+7. Во фасадата на објектот вградени се рељефи изведени од бел мермер, со претстави на симболот на вечноста, историјата и културата на Македонија.
Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа објекти на културата, науката и образованието, тип музеј (шифра 1.1.2.8.5).
Last Updated: October 27, 2024 by kks.org.mk

Category: Недвижно културно наследство
Културно наследство
Категории